29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе биде најбрзо растечка голема европска економија до 2027-та

Велика Британија ќе биде најбрзо растечка голема европска економија до 2027-та

fun 001

Благодарение на продуктивноста и демографијата британската економија ќе успее да ги надмине предизвиците околу „Brexit“ и ќе стане најбрзо растечка голема европска економија во наредните 10 години, покажуваат анализите на економистот на „Bloomberg Intelligence“, Џејми Мареј.

Темпото на производствениот раст на час пред финансиската криза ќе се поправи, работното население ќе се претстави подобро отколку во другите земји, пишува „Bloomberg“.

По пад од 1,3% во 2018-та година, растот на британската економија ќе се опорави до 2% и повеќе, што ќе ја претвори Британија во подобро претставена економија од Германија, Франција, Италија и Шпанија до 2027-та година.

„Растот на британската економија ќе биде со побавно темпо од порано, но ќе биде побрзо во споредба со другите европски економии, чии раст ќе забави“, објасни Мареј.

„Стареењето на Европа, се карактеризира со поголем животен век и ниска стапка на наталитет, ќе дејствува како голем отпор“, коментира уште економистот.

fun 002

Според него Европа ќе преживее нерамна наплата, а Германија најверојатно ќе го мине испитот за „умерен период на прегревање“, а Италија ќе работи под својот потенцијал во следните неколку години.

Според него ерата на вонредните стимулации на Европската централна банка (ЕЦБ), најверојатно ќе го достигне својот крај, а растот треба да биде доволен за да ја обезбеди посакуваната инфлација од ЕЦБ. Сепак многуте избори на континентот оваа година претставуваат ризик.

Во исто време пресметките покажуваат дека британската економија ќе биде 2% помала до 2021-ва година отколку што требаше да биде, ако кралството гласаше за останување во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП