29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДвојна победа на Австријците на велеслаломот во Сент Мориц

Двојна победа на Австријците на велеслаломот во Сент Мориц

hirser-680x365_c

Двојна победа остварија Австријците на велеслаломската трка на Светското првенство во швајцарски Сент Мориц. Титулата ја освои Марсел Хиршер, а како втор заврши Роланд Лејтингер.

Марсел Хиршер ја освои титулата светски првак во велеслалом, откако во двете трки возени на патеката во Сент Мориц оствари вкупно време 2.13.31 минута.

Втрото место му припадна на неговиот сонародник роналд Лејтингер, кој го оставри најголемиот успех во кариерата. Лејтингер по првата трка се наоѓаше на шестото место, но тој брилијантно ја извозе втората трка, во која забележа најдобро време, што на крајот му го донесе сребрениот медал.

Во целта Лејтингер имаше време 2:13.56 минути, односно зад Хиршер задоцни за 25 стотинки.

Норвежанецот Кристијан Хауген се закити со бронзениот медал, иако по првата трка беше седми. Хауген оставри вкупно време 2:14.02 минути.

Во велеслаломската трка настапи и македонскиот репрезентативец Лука Божиновски, но тој не го заврши првото возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП