20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајимпозантниот имот на Лонг Ајланд (фото)

Најимпозантниот имот на Лонг Ајланд (фото)

мар1

„Vila Maria“ е една од најимпозантните имоти на Лонг Ајланд…

Овој имот кој зазема површина од 11 хектари и има свој приватен брег, има импресивни градини како и неверојатен поглед на заливот Мекокс.

Овој имот моменталниот сопственик го купил во 2005 година, со цел да ја реставрира главната вила која се наоѓа на имотот. Сопственикот сакал на оваа вила да и ја врати нејзината стара слава, а сепак да ја претвори во модерен имот од 21-от век.

Луксузната вила има површина од 22.000 метри квадратни, има 11 спални соби, како и шестособен врвно опремен главен апартман, 12 бањи, рачно изработени камени скали со железна ограда, како и пространа дневна соба со оргинални детали во вид на фрески. Кујната е, како што му доликува на ваков имот, многу модерна. Сите простории се светли и пространи, со прекрасни погледи на вода.

Отворениот простор е исто така импресивен како и ентериерот, со градиозни двоспратни видиковци и голема камена тераса која има поглед на широкиот тревник и на заливот, а тука се и базенот, тенискиот терен, како и многу удобната двособна куќа за гости.

Секако, ваков импресивен имот има и импресивна цена, но ние мислиме дека цената е сосема оправдана, со оглед на количината на луксузот и удобноста кои ви ги нуди – 69 милиони долари овој имот ќе ги чини идните сопственици.

мар2

мар3

мар4

мар5

мар6

мар7

мар8

мар9

мар10

мар11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП