29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P10 ќе има премиера во Барселона

Huawei P10 ќе има премиера во Барселона

deset p 01

„Huawei P10“ би требало да биде една од најголемите ѕвезди на годинешниот „Mobile World Congress“ во Барселона, а десет дена пред презентацијата се појавија фотографии во кои се прикажуваат боите во кои ќе пристигне новиот телефон.

Evan Blass (@evleaks) објави на „Twitter“ фотографии во кои се прикажува „P10“ во сина, златна и зелена верзија.

На сликите е видливо дека телефонот би требало сега да има сензор за отпечаток на прстот вграден во копчето „Home“ на предниот екран, а на задниот дел и натаму доминира камерата „Leica“.

deset p 00

Покрај овие фотографии, „TechRadar“ пренесува дека и „P10 Plus“ кој би требало да има заоблен екран од двете страни и ќе биде поатрактивен уред од стандардниот модел. Кај него би требало сензорот за отпечатокт на прстот да биде на задната страна на уредот.

Досегашните информации укажуваат на тоа дека „P10“ пристигнува со 5,2-инчен „FullHD“ eкран со „Kirin 960“ процесор со основни 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија. Но, „P10 Plus“ во најмоќната верзија би требало да добие дури 8 GB RAM, исто како и „Asus ZenFone AR“ преставен на „CES“, пренесува „TweakTown“. „P10 plus“ ќе има нешто поголем екран од 5,5 инчи (1440×2560 пиксели).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП