19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата си должи сама на себе – најнова листа на УЈП

Државата си должи сама на себе – најнова листа на УЈП

ujp

Државата си должи сама на себе – десетици јавни претпријатија се најдоа на најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП).

Најголем должник е ЈП за комунални дејности – Гостивар кое должи 1.7 милиони евра за ДДВ и уште 500 илјади евра за Данок на добивка. ЈП Комунално претпријатие Тетово должи 1.76 милиони евра за ДДВ и 72 илјади евра за Данок на добивка. На листата се и ЈП Билјанини извори Охрид, ЈП Комунален сервис Валандово, ЈП Погребни услуги Охрид, ЈП Градски паркинг и зеленило Гостивар, ЈП Улици и патишта Скопје, ЈП Илинден, ЈП градско и дузина други.

Ако се земат предвид и приватниот и јавниот сектор убедливо најголем должник е Отекс АД Охрид со вкупни заостанати обврски од 10.7 милиони евра. Зад него се Ел Дон Кастило Скопје и Индустрија ел Азтека Скопје со по речиси 7.3 милиони евра.

На листата на должници има и десетици имиња на познати компании и бизнисмени. Списокот се објавува секој месец и во него ги има сите компании кои должат над 300 илјади денари и физички лица со обврски над 120 илјади денари по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Бизнисмените подолго време се жалат на проблеми со ликвидноста кои според нив делумно се последица и на пролонгирањето на политичката криза поради што има тешкотии во наплатата, но и веќе има случаи на раскинуваат или одложување договори за инвестирање. Ова резултира и со забавување на растот – проекцијата од 3.2% е тешко достижна.

„Ако останеме со надеж на оптимизам дека ќе имаме стабилна влада, која конечно како приоритети ќе ги има економските прашање, ние мислиме дека нема да се движиме над 2,5 проценти економски раст“, вели извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи.

Според последните податоци на Народната Банка (НБРМ) кои се однесуваат на септември минатата година 76.504 граѓани имале вкупно 179.250 блокирани трансакциски сметки. Во истиот период 36.108 правни лица имале блокирано вкупно 54.876 сметки.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП