20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКучи-Зекири: Дебар има голем економски потенцијал

Кучи-Зекири: Дебар има голем економски потенцијал

дебарската

Министрите за економија Дритон Кучи и за странски инвестиции Арлинд Зекири за време на посетата на Дебар ја изнесоа оценката дека Дебар има голем економски потенцијал.

На средбата со градоначалникот Ружди Лата, Кучи и Зекири нагласија дека природните богатства што ги има општината заедно со можната дијаспора во САД и земјите на ЕУ, се гаранција дека во оваа општина ќе се редат многу други инвестиции, покрај оние на Дебарски Бањи – Цапа, фабриката за експлоатација за вода Маја, Кнауф и други.

Министерот за економија истакна дека градоначалникот Лата има реализирано многу проекти кои значат за развојот на општината. Тој додаде дека има интерес и за нови домашни и странски инвестиции.

Министерот за странски инвестиции Арлинд Зекири истакна дека има многу најави од дебарските иселеници во САД и од земјите на ЕУ, за инвестирање во нивниот роден крај.

„За време на посетата на САД имав средби со дебарски бизнисмени кои ветија инвестиции во Дебар, но и пошироко“, рече министерот Зеќири и додаде дека многу се битни тие инвестиции за развој на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП