19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија планира да ги укине банкарските тајни

Австрија планира да ги укине банкарските тајни

avstrija1

Австрија има намера во текот на нередните недели да им овозможи на членките на Европската унија пристап до информациите за банкарските сметки на странците во австриските банки, изјави канцеларот Вернер Фејман.

Фејман изјави дека се надева на договор пред самитот на ЕУ на 22 мај, на кој ќе разговараат за начините за борба против даночното затајување кое членките на Унијата ги чини околу една милијарда евра годишно. Лидерите на ЕУ бараа од Австрија договорот да се постигне пред самитот, пренесувааат странските медиуми.

„Ние сакаме да постигнеме резултати во размената на податоци од интерес на борбата против измама во Европа“, изјави Фејман.

„Најголемата економска штета би била ако стекнеме репутација дека ја штитиме измамата“.

Австрија, последната даночна оаза на банкарските тајни во ЕУ, во петок објави дека е подготвена за разговорите ако се зачува тајната за Австријците.

Граѓаните на ЕУ во австриските банки чуваат околу 35 милијарди евра, една десетина од вкупниот износ на депозити во Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП