20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнспекторатот за земјоделство издаде формулари за сертификати со поголема заштита од фалсификување

Инспекторатот за земјоделство издаде формулари за сертификати со поголема заштита од фалсификување

fito11

Откако во 2016 година биле забележани бројни фалсификувања на сертификатите за потекло на извезена стока од Македонија, Државниот инспекторат за земјоделство со цел да се заштити домашното производство во петок ги претстави новите фитосанитарни сертификати и фитосанитарни сертификати за реекспорт.

Со ова се овозможува максимална заштита на растителните стоки од домашно производство. Државниот инспекторат за земјоделство ги издава здравствените сертификати со кои се потврдува квалитетот и потеклото на производите при извоз и реекспорт.

Она по што новите сертификати се разликуваат од претходните е специфичната изработка која шансите за можна злоупотреба ги сведува на нула. Сертификатите покрај основните информации прикажани на македонски и дополнително на пет други јазици обезбедуваат заштита со стакато техника, воден жиг и дополнително холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство, испечатени на 90 грамска хартија.

Овие сертификати ќе започнат да се издаваат од 01.06.2017 година.

fito12

Во текот на изминатата година од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се издадени вкупно 24.000 сертификати, од кои 20.000 за извоз и 4.000 за реекспорт. Подетално овие сертификати во производи значат: 27.712 извезени пратки со вкупна тежина од околу 360.000 тони, 4.000.000 садници и дрвен материјал со вкупна површина од 6.616 м3. Истовремено во текот на 2016 година од Република Македонија се реекспортирани 5000 видови производи со вкупна тежина 60.000 тони.

Инаку во 2016 година во Русија имаше 64 и во Белорусија 117 случаи на злоупотреба на сертификатите, односно фалсификување на истите и претставување на производи од трети земји како македонски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП