29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе остане без пари во јули

Грција ќе остане без пари во јули

pari grcija335

Земјите членки на еврозоната изгледа ќе го пропуштат крајниот рок кој сами си го поставија како цел да се договорат во врска со евентуалната финансиска помош за Грција. Ова го става нашиот јужен сосед во сериозен ризик, бидејќи без помош земјата ќе остане без пари до крајот на месец јули.

Претставници на Европската унија се сомневаат дека расправија меѓу Меѓународниот монетарен фонд, грчката влада и сите заинтересирани страни ќе се разјасни на 20-ти февруари.

„Тоа ќе биде една многу кратка средба“, вели вработен во ЕУ, пренесува „Bloomberg“. Според медиумот, одлуката за финансиска помош може да биде преместена во месец март.

Еврозоната сака да оствари дијалог за варијантите за управување на грчкиот долг пред одржувањето на изборите во Холандија во март месец оваа година, за да се избегне претворањето на финансискиот проблем во политички.

Франција и Германија исто така ќе одржат избори во оваа година, а Велика Британија најверојатно ќе го активира членот 50 во март месец и ќе ги стартува формалните преговори за излез од Европската унија. Сето ова додава дополнителен политички ризик.

Грција треба да плати 6 милијарди евра во јули, што најверојатно нема да може да се случи без финансиска помош или преструктуирање на долгот.

Недоразбирањето го повредува прашањето дали земјите од еврозоната треба да ги олеснат условите кон Грција во замена на свеж спасувачки заем.

Меѓународниот монетарен фонд инсистира за простување на грчкиот долг и престанок на мерките за штедење, бидејќи грчкиот долг се наоѓа на несигурен пат и може да се претвори во нешто „експлозивно“ без помош за земјата, покажува извештајот на Фондот.

Владите од еврозоната не се согласуваат со препораката на ММФ. Дополнителна поддршка за Грција е непопуларен потег меѓу гласачите и даночните обврзници, особено во пресрет на изборите низ цела Европа.

По ова прашање германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека отпишувањето на долгот на Грција би го прекршил Лисабонскиот договор, кој ги обединува европските нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП