19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои можете да ги јадете дури и кога сте на диета

Намирници кои можете да ги јадете дури и кога сте на диета

52de0e93e4b04447a411bd5a-asparagus-new

Сите намирниции имаат калории, но некои се толку диетални што можете да ги изедете дури и кога сте на диета. Многу е подобро да изедете нешто од ова и малку да се заситите, отколку да се измачувате и гладувате – и подоцна кога психички ќе попуштите да се прејадете.

Овие намирници се нарекуваат и „бесплатна храна“, не затоа што се евтини, туку затоа што нема да платите со својата линија, а сепак можете да уживате со нив. Е сега, треба да се напомене дека не смеете да се прејадувате ниту со оваа храна, на пример ако изедете еден килограм кисели краставици можете да предизвикате контраефект.

Од другата страна, ова не се магични намирници кои согоруваат сало – такво нешто не постои – туку намирници кои имаат многу малку калории. Тие се убедливо најдобар избор за диетална ужинка.

Намирници кои имаат најмалку калории:

– Гума за џвакање без шеќер

– Бонбони без шеќер

– Кафе

– Чај

– Сокови без шеќер

– Брокула

– Аспарагус

– Карфиол

– Свеж грашок

– Спанаќ

– Кељ

– Краставица

– Зелка

– Кинеска зелка

– Кисели краставички

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП