29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Аџибадем Систина“ отвора поликлиника во Битола

„Аџибадем Систина“ отвора поликлиника во Битола

acibade

Нова инвестиција во приватниот здравствен сектор

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во отворање на својата прва поликлиника. Во близина на центарот на Битола,  на површина од преку 500 квадратни метри, новата поликлиника ќе нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија. Поликлиниката „Аџибадем Систина“ располага и со дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница.

acibade

Прегледи и консултации од стручниот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Во Поликлиниката во Битола, покрај редовните доктори, секој работен ден прегледи и консултации ќе изведуваат и доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје. Со тоа, сите граѓани на Битола и регионот ќе имаат можност да бидат поблиску до врвната медицинска грижа која „Аџибадем Систина“ ја нуди  веќе 7 години.

Пациентите кои се заинтересирани за повеќе информации и закажување преглед во Поликлиника „Аџибадем Систина“ може да се јават во Контакт центарот на 02/ 3099 500.

aci

acib

acibadem

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП