23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW тестира i8 без покрив

BMW тестира i8 без покрив

bez pokriv3

За намерите на „BMW“ да го тргне покривот на својот хибриден спортски модел „i8“, се знае одамна. Концептниот „i8 Spyder“ беше претставен уште во пролетта 2012-та година на автосаемот во Пекинг, а една година подоцна раководството на баварците даде „зелено светло“ за пуштање на возилото во сериско производство.

„BMW i8“ со тврд покрив се појави на пазарот во средината на 2014-та година и се очекуваше роудстерот да излезе најмногу една година подоцна. Тоа, сепак и не се случи, а во почетокот на 2016-та година баварците одлучија да ја „загрее“ публиката, откако го претставија беспилотниот концепт „I Vision Future Interaction“.

Тогаш беше најавено официјално дека серискиот роудстер ќе излезе во 2018-та година и очигледно во „BMW“ ќе го исполнат ова ветување. Слика на тест прототипот на возилото се појави во изданието „Motor1“, а беа откриени и нови интересни детали за него.

Интересно е дека од „BMW“ моделот кој е предмет на тестирање не го нарекуваат „i8 Spyder“, како што се викаше концепт од 2012-та година, туку „i8 Roadster“. При излегувањето на пазарот машината нема да го добие агрегатот на постоечкиот модел, туку неговата нова и моќна верзија која ќе дебитира подоцна во оваа година.

Се очекува моќноста на хибридниот систем, во која влегуваат 1,5-литарски бензински мотор и електромоторот „eDrive“ да биде зголемена за 15 КС и така да достигне 377 КС. Капацитетот на батериите исто така ќе се зголеми од 7,1 на 10 kW / h. Истиот акумулатор се користи од „BMW i8“, кој служи за автомобилот за безбедност во шампионатот Формула Е. Од оваа машина ќе биде превземена и суспензијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП