19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОтровни колеги: Чувајте се од оние кои се блиски со надредените

Отровни колеги: Чувајте се од оние кои се блиски со надредените

200460719258a43f1706a06820412216_w640

Ако немате добра екипа на колеги тогаш стресната работа може да стане уште полоша. Еден од примерите како колегите можат да ја уништат работната атмосфера се и оние кои секогаш се грижат за својот успех, а не се грижат за заедничкиот успех и доброто на компанијата.

Таквите луѓе можат да бидат склони кон тоа туѓите идеи или успеси да си ги препишуваат на себе, а се се заснова на „вовлекување“ кај надредениот. Таквите лица се често подготвени да ги „продадат“ своите колеги за да избијат на прво место.

Еве како да се однесувате доколку забележите такви колеги во тимот:

Бегајте од оние кои забиваат нож во грбот

Ако работите со некој кој избркал колега во друг сектор или компанија, бегајте од таа личност. Често не знаеме зошто пукнало пријателството од канцеларија, но некој кој веќе покажал дека забива нож во грбот на колегата не заслужува доверба.

Кој не прифаќа критика, ќе ги обвини другите

Колегите понекогаш можат да разговаат за пропустите на работа и за тоа што треба да променат за да ја подобрат ефикасноста. Ако некој тешко прифаќа критика, веројатно сета вина ќе ја префлува на друтите и тешко ќе се согласи да делува како тимски играч.

Некој кој ќе се обиде да ве изолира со цел да ве запре

Оние кои се навикнати на одреден статус ќе станат непријатни ако проценат дека на било кој начин ги загрозувате. Не дозволувајте тоа да прерасне во канцелариско малтретирање, проценете кого од колегите можете да го придобиете и да ја намалите силата на „злоставувачот“.

И малите лаги ја нарушуваат довербата

Колешката вели дека не стигнала да се подготви за состанокот бидејќи детото и имало температура, а нејзиниот ѕид на Фејсбук е пол со весели објави. Без оглед колку лагата е мала, тоа ќе ја наруши довербата и тешко ќе соработувате бидејќи сомнителноста останува.

Колеги кои газат се пред себе

Малку здрава конкуренција на никого не му штети, всушност, не поттикнува да напредуваме, но кога некој е подоготвен да направи било што, па и нешто под моралните стандарди, за да се покаже како подобар, тоа е сигурен рецепт за проблеми во канцеларијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП