18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го расчистува и последниот долг од СССР

Русија го расчистува и последниот долг од СССР

65010374758a6bdcfa1cd0148918541_w640

Русија ќе заврши со отплатата на надворешниот долг од поранешниот Советски Сојуз пред крајот на оваа година, стои во соопштението на Министерството за финансии на Русија.

Последната транша ќе и биде исплатена на Босна и Херцеговина до крајот на 2017 година, пренесува Спутник.

Русија во 2015 година и исплати повеќе од 415 милиони долари на Кина, долг од кој поголемиот дел беше советски надворешен долг. „Vnesheconombank“ соопшти дека во целост го исплатила советскиот долг кон Кина на барање на Министерството за финансии.

Владиниот извор изјавил дека исплатата за БиХ би можела да биде заклучена пред летото.

Министерството за финансии на Русија минатата недела ја информираше јавноста и за исплатата на 60,6 милиони долари советски долг кон нашата земја и соопшти дека единствениот заостанат долг од советската ера останал кон БиХ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП