19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартин Касерес потпиша договор со Саутемптон

Мартин Касерес потпиша договор со Саутемптон

94684751_martin_caceres

Саутемптон го официјализира трансферот на уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес. Искусниот дефанзивец пристигна на Островото откако минатото лето му заврши договорот со Јувентус.

Мартин Касерес како слободен играч потпиша договор со Саутемптон до крајот на сезоната, а во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 12.

„Среќен сум што станав дел од еден од најзначајните клубови во Англија. Се радувам што наскоро повторно ќе играм професионален фудбал. Од сите понуди кои ги имав мислам дека Саутепмтон е најдобрата опција за мене“, рекол Касерес.

Уругваецот во кариерата има настапувано и за Севилја, односно Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП