25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ги насочува напорите кон реструктуирање во очекување на слаба 2017-та

Nestle ги насочува напорите кон реструктуирање во очекување на слаба 2017-та

nestle3004

Најголемата компанија за прехранбени производи во светот „Nestle“ прогнозира продажбата и профитабилноста во 2017-та година да останат под поставените долгорочни цели, додека новиот извршен директор Марк Шнајдер ги зголемува напорите за реструктуирање на компанијата и стимулирање на растот, соопштува „Bloomberg“.

Производителот на храна очекува профитот да се зголеми за 2% до 4%, а маргината на оперативната комерцијална добивка да остане стабилена, со исклучок на валутните флуктуации.

Долгорочната цел на производителот на кафето „Nespresso“ и храната за бебиња „Gerber“ е 5-6% просечен годишен раст на продажбата и подобрување на маргината.

Приходите на „Nestle“ пораснаа за 3,2% во 2016-та година, што беше под прогнозите за раст од 3,4% и е бавното темпо на раст од десет години. Напорите на Шнајдер ќе бидат насочени кон постигнување на органски раст од околу 5% до 2020-та година.

„Nestle“, слично на другите производители на стока за широка потрошувачка, се бори со дефлацијата во Европа во последните неколку години, што не и овозможува на компанијата да ги зголеми цените. Во прилог, построгите правила во Кина за увоз на адаптирано млеко врши притисок врз продажбата на бебешка храна.

Ова се само дел од предизвици во списокот на новиот извршен директор. Меѓу нив се уште инфлацијата во Бразил и Русија и застојот во продажбата на други производи.

„За да управуваме со идната продажба, планираме да ги зголемиме значително трошоците за реструктуирање во 2017-та година“, објави компанијата, додавајќи дека очекува значително намалување на трошоците до 2020-та година.

Производителот на „KitKat“ изјави дека цените на производите се подобрија во втората половина на 2016-та година, со предвидувања да продолжат да се подобруваат и во 2017-та година.

Минатата година „Nestle“ предвид комерцијален оперативен профит од 13,7 милијарди франци (13,7 милијарди долари) при прогноза на аналитичарите од 13,9 милијарди франци. Вкупната продажба порасна до 89,5 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП