28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските репрезентативци без пласман во велеслалом

Македонските репрезентативци без пласман во велеслалом

mk skii 00

На Светското првенство во алпско скијање, во швајцарски Сент Мориц денеска, четворица македонски репрезентативци настапија во квалификациите во велеслалом. Најдобар резултат постигна Антонио Ристовски.

Двајца од четворицата македонски репрезентативци кои настапија во велеслалом стигнаа до целта, еден беше дисквалификуван, а еден не ја заврши трката.

Антонио Ристовски во првата трка забележа време 1:04.93 минути и заостана 6.84 секунди зад првопласираниот, додека Маријан Нашоку оствари време
1:10.69, односно имаше послабо време од првопласираниот за 12.84 секунди.

Покрај Ристовски и Нашоку до целта стигна и Виктор Петков но по прегледувањето на сникмите тој беше дисквалификуван, додека Лука Божиновски не ја заврши трката.

Во втората трка на стартот се појавија двајцата Македонци, Ристовски стартуваше како 61-ви, но не успеа да ја заврши втортата трка и остана без пласман, а истата судбина нешто подоцна ја доживеа и Нашоку кој во втората трка стартуваше како 83-ти.

mk skii 01

Македонската репрезентативка на Светското првенство во алпско скијање, кое се одржува во Сент Мориц, Лидија Симјановска (16), нема да настапи во второто возење од главната трка, по која ќе биде позната новата светска првенка во велеслалом.

Симјановска, квалификациите во вторникот ги заврши на 46. место од вкупно 75 натпреварувачки, со време од 2:24.92 минути, избори настап во главната трка согласно правилата дека секоја земја може да пријави еден натпреврувач доколку ги завршил квалификациите.

Првото возење во главната трка, Симјановска, го заврши на 82-то место, но судиите на патеката по прегледувањето на снимката од нејзиното возење утврдиле неправилности и донеле одлука да ја дисквалификуваат македонската репрезентативка.

Инаку по првото возење прва е Францусинката Теса Ворли (1:02.01 минути), пред Италијанката Софија Гоџиа и Американката Михаела Шифрин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП