19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei развива сопствен асистент за смартфони

Huawei развива сопствен асистент за смартфони

huwi3

Huawei Technologies – третиот по големина производител на смартфони во светот, се подготвува да влезе во конкурентниот светот на дигиталните асистенти со сопствена говорна услуга, открија извори кои се запознаени со ова прашање, цитирани од „Bloomberg“.

Тим од над сто инженери работат на првите фази на развој на технологијата во Шенжен, Кина. Напорите се интензивни и компанијата цели да создаде дигитален асистент, конкурентен на „Siri“ на „Apple“, „Alexa“ на „Amazon“ и „Google Assistant“ на „Alphabet“.

Асистентот на „Huawei“ ќе комуницира на кинески и ќе биде насочен кон локалните корисници, а во исто време компанијата ќе продолжи да работи со „Google“ и „Amazon“ за надвор од Кина.

Создавање на сопствена верзија на „Siri“ може да им помогне на уредите на „Huawei“ да се истакнат на презаситениот кинески пазар, каде што многу услуги на „Google“, кои одат со доминантниот оперативен систем за паметни телефони – „Android“, се блокирани.

„Huawei“ си постави за цел да реализира продажба од 33 милијарди долари од бизнисот со електроника во оваа година. Компанијата заостанува само од „Apple“ и „Samsung“ во глобалната продажба на паметни телефони.

Минатиот месец „Huawei“ најави дека ќе го користи „Alexa“ за смартфоните „Mate 9“ во САД. Во моментов „Google Assistant“ е достапен само во смартфоните „Pixel“ на „Google“ и паметните часовници кои ја користат најновата верзија на софтверот „Android Wear“. „Google“ се обидува да привлече трети производители на уреди, кој ќе го инсталираат нејзиниот асистент, откриваат запознаени извори.

„Huawei“ не е единствениот производител на уреди со „Android“ кој се обидува да развие сопствена услуга, наместо да ги користи услугите на „Google“. „Samsung“ ја купи стартап компанијата „Viv Labs“ во текот на минатата година, која е основана од страна на некои од креаторите на „Siri“ за да стане база за развој на сопствен гласовен асистент.

„Samsung“ планира да ги издаде првите уреди со новата технологија подоцна во оваа година. Кинескиот пребарувач „Baidu“ најави сопствена говорна услуга во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП