28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се финансира обновата на фасади на згради во општина Аеродром

Ќе се финансира обновата на фасади на згради во општина Аеродром

Picture072

Општина Аеродром, објави тендер за реконструкција на фасади на најоштетени станбени објекти на територијата на Општина Аеродром.

„Минатата година изработивме проекти за реконструкција на 18 фасади, од кои во оваа прва фаза ќе бидат опфатени седум, за кои се обезбедени средства од Буџетот на Општина Аеродром“, изјави градоначалникот на општината Ивица Коневски.

Станува збор за станбените згради на ул. „Петар Ацев“ број 9, ул. „Фрањо Клуз“ број 2, ул. „23 Октомври“ број 14, бул. и бул. „АСНОМ“ број 72, 74, 112 и 114, односно во сите населби во Општината.

Зградите на кои ќе им се менуваат фасадите, всушност, беа избрани од страна на стручни екипи, кои претходно извршија анализа на терен. Новите фасади ќе бидат енергетски ефикасни и ќе го задржат автентичниот изглед на зградите.

Во наредните фази се планира да се изврши реконструкција и на другите десетина згради, за кои преку фирмата „Инком“ веќе се изготвени проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП