29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБратска пресметка во Лига Европа

Братска пресметка во Лига Европа

960

По четирите натпревари во Лигата на шампионите, останатите четири се играат наредната недела, в четврток на програмата се дуелите во Лига Европа.

Шеснаесетфиналната програма во Лига Европа ќе ја отворат Краснодар и Фенербахче. Овој дуел поради временската разлика ќе започне во 17 часот по средноевропско време, додека останатите 15 натпревари ќе се играат во термините од 19 и 21:05 часот.

Оваа фаза во Лига Eвропа нуди неколку интересни двојки, а како дерби се истакнува пресметката на „Ел Мадригал“ помеѓу Виљареал и Рома. Овој натпревар стартува во 21:05 частот, а во истиот термин се игра дуелот во Солун помеѓу ПАОК и Шалке, односно натреварот Манчестер Јунајтед-Сент Етиен, каде во центарот на вниманието ќе бидат браќата Погба, Пол во дресот на јунајтед и повозрасниот Флорентин во дресот на Сент Етиен.

Лига Европа, 1/16 финале:

17.00: Краснодар-Фенербахче
19.00: АЗ Алкмар-Олимпик Лион
19.00: Астра Ѓурѓу-Генк
19.00: Селта Виго-Шахтјор
19.00: Ростов-Спарта Прага
19.00: Гент-Тотенхем
19.00: Лудогорец-Копенхаген
19.00: Борусија Менхенгладбах-Фиорентина
19.00: Олимпијакос-Османлиспор
21.05: Андерлехт-Зенит
21.05: Атлетик Билбао-АПОЕЛ
21.05: Хапоел Бер Шива-Бешикташ
21.05: Легија Варшава-Ајакс
21.05: Манчестер Јунајтед-Сент Етиен
21.05: ПАОК-Шалке
21.05: Виљареал-Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП