16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзмамете го желудникот: 7 намирници кои ги „голтаат“ калориите

Измамете го желудникот: 7 намирници кои ги „голтаат“ калориите

61198632-mrsavljenje-vaga-dijeta-kilogrami

Веќе многу пати сме пишувале дека доколку сакате да симнете неколку килограми не треба да држите строги диети и да гладувате туку дека треба само да ги промените животните навики и дневното мени. За да ви помогнеме во оваа одлука која бара упорност, ви претставуваме 7 супер идеи како калоричните намирници да ги замените со „полесни“, но еднакво вкусни.

Доколку сакате да намалите неколку килограми не морате да јадете бљутава храна и да гладувате, потребно е само да го корегирате менито.

Истото важи и за омилените десерти, на кои ретко кој може да им одолее. Но доколку сакате да уживате во храната не мора да ја исфлите, туку само да направите адекватна замена со поздрави и помалку калорични намирници.

1. Суви сливи наместо путер

Можеби звучи необично, но сувите сливи се одличен сојузник за здрав десерт. Ако во рецептот ви пишува намирници како путер или масло, вие заменете ги со сечкани и исчистени суви сливи.

2. Свежо посно сирење наместо намаз од сирење

Иако намазот од сирење изгледа како „лајт“ варијанта која ќе го збогати вашиот сендвич или колач, тој всушност е многу помрсен од свежото обезмастеното сирење. Направете замена која е подеднакво вкусна.

3.Свежи зачини наместо сушен концентрат

Ако вашиот рецепт вели лажица сушен концентрат од зеленчук, односно познат како купечкиот мешан сув зеленчук, вие подобро одберете свежи зачини или домашно подготвена мешавина од сушени зачини без адитиви и конзерванси.

4. Јаболка и јогурт наместо путер и масло

Ако во вашиот рецепт пишува растително масло, путер или маргарин, вие заменете ги со мешавина од пире од јаболко и јогурт. Половина шолја путер содржи 900 калории и 92 грама масти, додека пирето од јаболка има околу 50 калории и нема масти. Во рецептот намалете ја количината на шеќер, бидејќи јаболкото е доволно благо.

5. Меленo мисиркино наместо мелено говедско месо

Оваа замена можете да ја направите во оброците кои вклучуваат мелено месо. Мелените мисиркини гради полесно се варат од говедското месо, а еднакво се вкусни. Побрзо сварената храна не предизвикува надуеност, па поради тоа ќе избегнете дуење на вашиот стомак.

6. Лајт јогурт и посно сирење наместо павлака

Ако во вашиот рецепт пишува павлака, вие искористете мешавина од јогурт и посно сирење. На тој начин ќе намалите значителен број на калории, а вкусот ќе остане непроменет.

7 .Чоколадни парчиња наместо прелив

Наместо колачот или тортата да ги прелиете со чоколада, особено млечна, во тестото насекаде втиснете парчиња црна чоколада. На тој начин секое парче од тортата ќе остане вкусно и чоколадно, а вие ќе потрошите двојно помалку чоколада, а со самото тоа, тортата ќе има помалку калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП