19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Цветков се надева на решение со Хрватска за виното

Министерот Цветков се надева на решение со Хрватска за виното

mincvetkov

Доколку Хрватска остане на истиот став за воведените нетарифни бариери за увоз на македонското вино, ќе бидеме приморани да преземеме реципрочни мерки, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Според министерот, се уште се чека одговорот од Хрватска откако од македонска страна и официјално беше побарано објаснување за воведените дополнителни услови за увоз на вино. ­ Се надеваме дека ќе најдеме решение на проблемот за да нема потреба од воведување реципрочни мерки.

Очекуваме Хрватска да се изјасни, но ако остане на истиот став, ќе бидеме приморани да воведеме соодветни мерки, истакна Цветков.

Од 1 јануари годинава во Хрватска е донесен нов Правилник за увоз на вино од трети земји, меѓу кои и Македонија. Согласно Правилникот, се воведуваат дополнителни услови или т.н. нетарифни бариери. Се продолжува периодот на пуштање на виното во продажба, односно потребни се најмалку 32 дена од царинење до пуштање во промет.

Зголемени се и барањата за дополнителни анализи и за заштита на животната средина. Македонија на хрватскиот пазар годишно пласира 17 милиони литри вино што е 24,2 отсто од вкупниот извоз. Вредноста на извезените количини е 11,2 милиона евра. Хрватска е втора земја по Србија по извозот на македонско флаширано вино и трета, по Србија и Германија, по извоз на наливно вино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП