24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмерикански научници покажаа како се формира „временска бомба“

Американски научници покажаа како се формира „временска бомба“

Tropical Weather

Американската геофизичка заедница ја објави снимката на којашто се гледа како се формира моќна бура во северниот дел на Атлантскиот Океан.

Формирањето на ткн „временска“ или „метеоролошка бомба“ е снимена со метеоролошкиот сателит GOES-16. Според геофизичарите, во американската сојузна држава Мериленд бурата веќе предизвикала налети од ветер, чијашто брзина достигнува до 80 километри на час.

Како што сметаат научниците, „временската бомба“ формира во својот епицентар зона на ултра низок атмосферски притисок, кој влијае не само врз протокот на воздухот, туку и на сеизмичката активност на Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП