28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција од 100 милиони денари го одбележа денот на Македонска берза

Блок трансакција од 100 милиони денари го одбележа денот на Македонска берза

mk-berza-kke

Трговски ден во средата на Македонската берза за хартии од вредност беше отворен со блок трансакција со акциите на Тиквеш експрес АД Кавадарци.

Со хартиите на оваа компанија мина количество од 29.511 акции коишто беа истргувани по цена од 3.388,57 денари и остварен вкупен промет од 100 милиони денари. Оваа трансакција преставуваше 88 отсто од вкупниот промет во текот на целиот ден од 113.346.650,65 денари

Во класичното тргување вчера најтргувана беше акцијата на Автогума АД Скопје со промет од 4.896.000 денари преку истргувани 4.080 лотови. по просечна цена од 1.200 денари. Оваа акција се најде на врвот на добитниците на денот со неверојатен раст на вредноста за 1.190,32 отсто.

„Милионски” промет остварија и акциите на Комерцијална банка, со промет од 2,7 милиони денари и на Стопанска банка Скопје со 2,3 милиони денари.

Индексот МБИ-10 влезе во црвена територија. со пад на вредноста за 0,39 отсто и денот го заврши на 2.296,94 индексни поени. Индексот ОМБ, пак, бележеше благ раст од 0,12 опроценти и имаше вредност од 128,76 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП