18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБасеску: Романија ја надмина економската криза

Басеску: Романија ја надмина економската криза

basesku

Романскиот претседател Трајан Басеску, денеска изјави дека земјата ја надминала економската криза и ја вратила довербата на меѓународниот пазар на капитал.

– Во последните две години Романија успеа да го намали буџетскиот дефицит до 2,9 проценти, што говори за успешно надминување на економската криза и за врќање на довербата на меѓународниот пазар на капитал, истакна Басеску.

Тој наведе дека економскиот раст на Романија годинава може да биде околу два проценти.

Романија е една од најсиромашните земји-членки на Европската унија. По зачленувањето на земјата во ЕУ во 2007 година, цените на производите се доближија до европските, но не и платите. Речиси половина од Романците се сиромашни, а секој четврти е приндуден да замине во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП