25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПредводникот на Lexus стана хибрид

Предводникот на Lexus стана хибрид

lex330

Новата генерација на предводникот на „Lexus“ – седанот „LS“, ќе добие хибридна верзија. Моделот со индекс „500h“ ќе биде претставен за време на автосаемот во Женева во март, а на изглед ќе се разликува од стандардниот автомобил само по дополнителните натписи.

Техничките карактеристики на автомобилот засега остануваат во тајност, но според податоците на „Motor1“ во составот на хибридниот агрегат ќе бидат вклучени 3,5-литарски бензински V6 мотор со моќност 295 КС, кој ќе работи во комбинација со електромотор со 59 КС. Системската моќност на седанот ќе е 354 КС.

Покрај тоа, во 2019-та година новата генерација на „Lexus LS“ ќе добие и верзија која работи со водородни ќелии. Таа ќе користи голем дел од технологијата на моделот „Toyota Mirai“. Овој автомобил ќе биде ориентиран за употреба во големите градови, каде еколошките барања стануваат жестоки – Лондон, Лос Анџелес, Париз и Токио.

Стандардниот „Lexus LS“ беше прикажан на саемот во Детроит во јануари, а ќе се појави на пазарите во 90 земји. Моделот е изграден на платформата „GA-L“, користена и за „Lexus LC“. Седанот пораснал според димензиите, а добил и нов мотор и голем број на нови опции.

При почетокот на продажбата „LS“ ќе се нуди со 3.5-литарски би-турбо V6 мотор. Тој развива 415 КС и 600 Nm, кои обезбедуваат забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди. Моторот работи во комбинација со 10-степен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП