23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСудот ја продолжува сагата на Адеми

Судот ја продолжува сагата на Адеми

ademi333

Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS) ја продолжи голготата на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, откако објави дека одлуката околу намалувањето на неговата казна, поради допинг, наместо во среда ќе ја објави на 17.март.

Допинг тестото на Аријан Адеми, направен во октомври 2015 година, по натпреварот со Арсенал во Загреб, во Лигата на шампионите, бил позитивен на забранетата супстанца станазол, поради што УЕФА реагираше и му изрече суспензија од дури четири години.

Адеми тврдеше дека е невин, ја обжали пресудата на УЕФА, но CAS неколку пати ја одложува објавувањето на одлуката. Инаку повторените анализи, меѓу кои и онаа на независна лабораторија од Келн, покажале дека лекот мегамин кој го користел Адеми, бил компромитиран со забранетата супстанца станазол. Вината е кај производителот на лекот, но и покрај овие аргументи CAS ја одложува конечната одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП