29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУнзуе ќе биде новиот тренер на Барселона?

Унзуе ќе биде новиот тренер на Барселона?

unzue-juan-carlos-615x400

Поразот од ПСЖ 4:0, во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите, веројатно значи дека Барселона ќе се прости од елитното натпреваривање за оваа сезона, а самото тоа значи дека Луис Енрике по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Барселона доживеа целосен дебакл на „Паркот на Принцовите“, резултатски, играчики и тактички, а одговорноста ја презеде тренерот Луис Енрике. Ден по понижувачкиот пораз, шпанските медиуми пишуваат дека Енрике по завршувањето на сезоната ќе замине од клубот.

Според истите извори тој сеуште не добил понуда од раководството за продолжување на соработката, но и дека целосно ја загубил довербата кај играчите, особено кај најдобриот меѓу нив, Лионел Меси.

Шпанците веќе ја најдоа замената за Енрике и тоа со согласност на Меси, повторно тренерот доаѓа од „Ноу Камп“. Се работи за Хуан Карлос Унзуе, актуелниот помошник на Луис Енрике, кој долги години е во Барселона.

Унзуе е поранешен голман на Барселона, Осасуна, Тенерифе, Овиедо и Севилја, кој по завршувањето на кариерата се врати Барселона.

Во ерата на Франк Рајкард, Унзуе беше тренер на голманите, а остана во клубот и по доаѓањето на Пеп Гвардиола. Во 2010 година стана тренер на Нумансија, а подоцна се пресели во Расинг Сантандер, но во овој клуб се задржа само еден натпревар бидејќи веднаш побарал да потпише тригодишен договор.

Потоа Луис Енрике го побара да му биде помошник, која тој ја прифати понудата да биде тренер на Селта од Виго, а една година подцна двајцата се вратија во Барселона.

Според шпекулациите и самиот Луис Енрике на челниците на клубот им рекол дека Унзуе е најдобра опција за негов наследник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП