29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки висока стапката на раст на Украина

Изненадувачки висока стапката на раст на Украина

26151700258a314efa0029761614552_w640

Економијата на Украина во четвртиот квартал од 2016 година забележа изненадувачки висока стапка на раст од речиси пет проценти.

Со тоа е продолжен патот од постојниот излез од двегодишната рецесија.

Државниот завод за статистика на Украина објави дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 4,7 проценти во периодот октомври-декември 2016 година во однос на истиот квартал од претходната година, пренесува агенцијата АФП.

Во соопштението не е даден било каков друг коментар, додава француската агенција и напоменува дека аналитичарите велат дека се изненадени со така големиот економски скок на оваа земја која беше погодена од војна.

„Изненадена сум. Мојата проценка за растот на БДП беше 3,3 проценти“, изјави за АФП, Олена Билан од инвестициската компанија Dragon Capital во Киев.

Таа високиот економски раст го препишува пред се на зголемената станбена побарувачка и изградба, кој, според нејзината проценка, е заслужен за околу 50 проценти, а можеби и малку повеќе од остварениот показател.

Украинската државна статистика не дала податок за БДП за цела 2016 година, а владините официјални претставници очекуваат дека тие ќе бидат околу еден процент.

Аналитичарите велат дека Украина релативно лесно ќе го оствари краткорочниот економски бум, бидејќи економијата „се собрала“ за 17 проценти меѓу 2014 и 2015 година, што значи дека нејзиниот висок раст се должи на многу ниската база и дека економијата нема да продолжи во иднина со така брз замав.

Од централната банка предвидуваат дека економската експанзија во 2017 веројатно ќе биде ограничена на околу два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП