25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономските ставови во Германија се влошуваат во февруари

Економските ставови во Германија се влошуваат во февруари

deko02

Економските ставови во Германија се влошуваат во февруари. Индексот за очекувањата на Центарот за европски економски истражувања (ZEW) во Манхајм забележа пад од 6,2 поени, на 10,4 поени.

„Падот на очекувањата најверојатно е резултат на неодамна објавените неповолни податоци за индустриското производство, продажбата на мало и извозот“, коментира Ахим Вамбах, претседател на центарот. „Политичката несигурност поврзана со „Brexit“, идните економски политики во САД, како и многуте избори во Европа ги намалија очекувањата. Сепак економската состојба во Германија не е влошена значително“, вели тој.

Индексот за актуелната ситуација во Германија се намалува малку со 0,9 поени, но останува на многу високо ниво од 76,4 поени.

Мерачот за очекувањата за економијата во еврозоната се намалува до ниво, слично на она за очекувањата во федералната република. Се предвидува пад од 6,1 поени, на 17,1 поени.

Показателот за актуелната економска ситуација во еврозоната сепак оствари раст од 3,2 поени, на 2,8 поени во февруари и излегува на позитивна територија за прв пат од јули 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП