25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе бара помош од Ротшилд да ја извлече од должничкото ропство

Грција ќе бара помош од Ротшилд да ја извлече од должничкото ропство

atina-mina

Грција планира да ја ангажира една од најстарите финансиски компании во светот Ротшилд, која на владата во Атина со своите совети би ѝ помогнала да се извлече од должничкото ропство.

Грчките власти се надеваат дека ќе успеат да договорат соработка пред скорешните разговори со министрите за финансии на еврозоната. Овој состанок е последна шанса на која ќе бидат разгледувани опциите на Грција да ѝ биде отпишан долгот.

Како што пишува FT, Ротшилд ќе ги советува Грците во сите области кои се поврзани со нивниот долг, вклучувајќи и совети за начинот на преговори со доверителите, како и за продажбата на државните обврзници.

Ротшилд е инвестициска банка која е основана пред 200 години. Денес, банката има филијали низ целиот свет и вработува 3.000 луѓе.

Именувањето на Ротшилдови за совентици ќе мора да биде одобрен од министрите во владата на Костас Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП