18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина продолжува со брзото вооружување

Кина продолжува со брзото вооружување

kina army

Кина продолжува да се вооружува побрзо од другите земји, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, пренесува Франс прес. Во него се вели дека во некои воени области вооружувањето станува толку брзо што Кина се ориентира речиси до израмнување со Западот.

„Воено-технолшката супериорност на Западот е постојано оспорувана“, вели Џон Чипман, директор на Институтот, цитиран од агенциите.

Откако Азија ја надмина Европа во 2012-та година во вооружување, трошоците наменети за одбрана, продолжуваат да растат со 5 до 6 проценти годишно. За споредба, тие се намалуваат во светски план со 0,4 проценти во 2016-та година, главно поради намалувањето на трошоците во Блискиот Исток, погоден од падот на цените на нафтата.

Буџетот на Кина за одбрана е 145 милијарди долари во 2016-та година. Ова е сеуште далеку за САД (604,5 милијарди долари), но многу пред Русија (58,9 милијарди долари), Саудиска Арабија (56,9 милијарди долари), Велика Британија (52,2 милијарди долари) или Франција (47,2 милијарди долари).

„Во одредени области, особено воздухопловните сили, Кина изгледа се ориентира кон целосна рамноправност со Западот“, вели Џон Чипман. Пекинг инвестира значително и во бродови и подморници.

Денес Кина има сопствени „мрежи“ за развој и конструирање на техничко оружје. Пекинг започна и да продава оружје во странство, потсетува Чипман. Долго време земјата беше насочена на репродукција на програмите за вооружување на поранешниот СССР или на Русија.

За земјите од Источна и Северна Европа, Русија останува главен извор на загриженост, се додава во извештајот. Констатирано е дека Москва продолжува да ги обновува системите.

„Продолжувањето на овие напори ќе зависи од способноста на Русија да ги финансира програмите за истражување и развој на оружје, кои чинат скапо“, се вели во документот. Во него се истакнува дека се очекуваат нови буџетски кратења во Русија во следните години.

Рускиот буџет за одбрана се намалува во споредба со 2015-та година од 66,1 милијарди долари на 58,9 милијарди долари во 2016-та година поради падот на цените на енергетските извори и поради санкциите наметнати на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП