28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛауреус наградите за 2016 година кај Јусеин Болт и Симон Бајлс

Лауреус наградите за 2016 година кај Јусеин Болт и Симон Бајлс

skysports-usain-bolt-sports-awards-monaco_3891115

Атлетичарот од Јамајка Јусеин Болт ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар спортист во светот во 2016 година. Кај дамите наградата и припадна на гимнастичарката од САД, Симон Бајлс. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во Монако.

Јусеин Болт четврти пат во кариерата ја освои наградата „Лауреус“. Претходно Болт оваа награда ја освојуваше во 2009, 2010 и 2013 година. Тој за најдобар спортист во светот беше прогласен во конкуренција на Кристијано Роналдо (фудбал, Португалија), Мо Фарах (атлетика, Велика Британија), енди мари (тенис, Велика Британија0, Стеф Кари (кошарка, САД) и Леброн Џејмс (кошарка, САД).

Атлетичарот од јамајка на тронот го наследи Новак Ѓоковиќ кој беше најдобар во изминатите две години.

Наградата „Лауреус“ во женска конуренција ја доби Симон Бајлс која доминираше во гимнастика на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Покрај Бајлс во конкуренција за наградата беа Кети ледецки (пливање, САД), Алисон Феликс (атлетика, САД), Анжелик Кербер (тенис, Германија), Елен Томпсон (атлетика, Јамајка) и Лора Кани (велосипедизам, Велика Британија).

За најдобар тим во 2016 година наградата ја доби бејзбол тимот на Чикаго Кабс, актуелниот шампион во бејзбол во МЛС лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП