18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM размислува за продажба на Opel на конкурентот Peugeot

GM размислува за продажба на Opel на конкурентот Peugeot

opel peugeot333

Американскиот автомобилски концерн „General Motors“ ја разгледува можноста за продажба на сестринската компанија Opel со седиште во Розелхајм, Германија, на францускиот конкурент „PSA Peugeot Citroën“.

Преговорите се во напредна фаза, појаснуваат двајца извори за агенција „Bloomberg“. Тие вклучуваат и стекнување на британскиот производител на автомобили „Vauxhall“. Завршувањето на преговорите може да биде објавено во рок од неколку дена. Сепак трансакцијата може и да пропадне.

Успешна трансакција би создала производител со над 16% пазарен удел од европскиот пазар, надминувајќи ги „Renault SA“ и станувајќи вториот најголем европски концерн по германскиот „Volkswagen AG“. Акциите на „PSA“ поскапеа за 5,9 отсто до 18,99 евра, оценувајќи ја компанијата на 16,5 милијарди евра. Акциите на „GM“ поскапеа во берзанската сесија со 1,5 отсто.

„PSA“ ги потврдува преговорите со „GM“ за „проширување на постоечките проекти со „Opel““. Портпаролот на „Peugeot“ појаснува дека станува збор за продлабочување на партнерството. Засега нема мислења од француската влада и семејството Пежо, кои држат по 14 отсто од „PSA Peugeot Citroen“.

И пред неколку години „Opel“ и „Peugeot“ настојувале кон алијанса. Конечно сепак остана само вкупното производство на некои модели.

Веќе речиси 90 години германската компанија припаѓа на „GM“. Во текот на долги години Американците се обидувала напразно да ја реструктуираат компанијата. Минатата година „Opel“ не ја исполни својата цел за прв пат од 1999-та година повторно да биде на профит. Како причина за загубата од 257 милиони евра директорот на компанијата Карл-Томас Нојман ги спомена девизните флуктуации по референдумот за „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП