25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде Швајцарија го чува своето злато?

Каде Швајцарија го чува своето злато?

gold1

Швајцарската национална банка за прв пат обелодени каде ги чува своите 1.040 тони злато, при што, речиси една третина е во странство – во Велика Британија и Канада.

Претседателот на швајцарската централна банка Томас Џордан, на годишниот состанок на акционери рече дека 70 проценти од златните резерви на таа банка се чуваат во Швајцарија, а дека 20 проценти во банки во Англија и 10 проценти во банки во Канада.

Тој негираше дека швајцарската централна банка треба да го врати тоа злато во земјата или да ги зголеми своите резерви.

Од Студената војна неколку европски централни банки своите златни резерви ги чуваат во странство во страв од инвазија.

Поради превирањата на финансиските пазари во последните неколку години, меѓу некои европски земји постои страв за нивните златни резерви.

Швајцарската влада пред неколку дена соопшти дека националистичката Швајцарска народна партија собрала доволно потписи за распишување на референдум на кој треба се гласа за забрана на централната банка да ги продаде златните резерви или да ги чува во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП