19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota го продаде 10-милионитиот хибрид

Toyota го продаде 10-милионитиот хибрид

hibi000006

Продажбата на хибридни автомобили од марката „Toyota“ веќе надмина 10 милиони примероци, соопшти компанијата. Границата била надмината некаде по новогодишните празници, а на 31-ви јануари бројот на продадени хибридни возила веќе изнесува 10.048.500.

„Prius“, кој се појави на пазарот на крајот на 1997-ма година, беше првиот сериски хибриден автомобил во светот. Во првата година од своето производство тој се продаде во само 300 примероци, и тоа само на јапонскиот пазар. Минатата година од хибридната гама на „Toyota“ се продадени 1.4 милиони автомобили (вклучувајќи и од брендот „Lexus“), речиси половина од кои во Јапонија.

hibi000008

„Кога го претставивме „Prius“, никој немаше поим што е тоа хибрид. Оние кои го возеа, беа нарекувани технолошки измамници или на други начини. Денес, благодарение на овие луѓе кои му дадоа шанса на „Prius“, хибридните возила имаат постојан раст на популарноста“, изјави Такеши Учимајада, претседател на бордот на директори на „Toyota“.

Според проценките на компанијата со пласирањето на хибридните автомобили се заштедиле околу 77 милиони тони стакленички гасови и кон 21.5 милиони тони бензин.

hibi000007

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП