28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрашања на интервјуто за работа кои ќе ги одвојат ОДЛИЧНИТЕ од ДОБРИТЕ...

Прашања на интервјуто за работа кои ќе ги одвојат ОДЛИЧНИТЕ од ДОБРИТЕ кандидати

olovke-pix

Постојат особини кои можат да одредат колку некој ќе биде успешен лидер…

Интервјуата за работа можат да бидат прилично тешки, кандидатите се подобро се припремаат и на работодавачите им е тешко да одредат кој е добар а кој е навистина одличен. Техничката подготвеност може релативно лесно да се оцени, но постојат други особини, како што се оние кои ја карактеризираат личноста, меѓу кои се и емоционалната интелегенција и комуникациските вештини, а тие имаат огромно влијание на успешноста. Како да ги одредите тие особини?

Следат 30 прашања за интервјуто за работа кои можат да одредат дали некој одговара за позицијата поврзана со раководството.

1. Која вредност ја носите со себе во организацијата?

2. Ако би можеле повторно да ја започнете кариерата, што друго би направиле?

3. Опишете го најдобриот шеф што сте го имале?

4. Опишете го најлошиот шеф што сте го имале?

5. Кажете ни нешто за својот најголем неуспех и што сте научиле од тоа?

6. Опишете што мислите дека се подразбира под оваа позиција и зошто истата е важна за компанијата?

7. Кажете ни нешто за проектите на кои сте работеле, со помалку средства и како сте го постигнале тоа?

8. Што значи одговорност според вас?

9. Ако сте имале можност, раскажете ни за ситуацијата кога сте морале да отпуштите работник. Како сте се носеле со целиот процес и дали беше лесно да го направите тоа?

10. Како разговарате со луѓето (односно како ги критикувате) чија работа е под очекуваниот стандард?

11. Која е најдобрата критика која сте ја добиле и зошто?

12. Која е најлошата критика која сте ја добиле, зошто и како сте се чувствувале?

13. Ако од вас се побара да направите нешто невозможно, како би постапиле?

14. Во какви предизвици не би сакале да бидете вмешани?

15. Кој е вашиот најголем животен страв?

16. Ако би можеле да се вратите на факултет, на кој факултет би се запишале и поради што?

17. Дали клиентот е секогаш во право? Објаснете го своето размислување.

18. Што е тоа што професионално сте го извршиле успешно, но тоа не е искуство кое би сакале да ви се повтори?

19. Дали е подобро да бидете совршен и малку да доцните, или да бидете нормален и секогаш на време да бидете на работа?

20. За помалку од 5 минути објасете ми нешто што е комплицирано, но вие тоа го разбирате одлично?

21. Што е тоа што би сакале да го работите секој ден, до крајот на вашиот живот?

22. Да имате милион долари да започнете свој бизнис, кој бизнис би го започнале?

23. Која е најголемата деловна одлука која сте морале да ја донесете и како сте ја спровеле?

24. Од кое прашање најмногу стравувате на интервјуто за работа?

25. Кои квалитети кај вашите соработници ги цените најмногу?

26. Како се однесувате кога вашите соработници или тимот не ги прифаќаат сосема вашите одлуки?

27. Кажете ни нешто повеќе од времето кога сте му биле ментор некому, а не било лесно?

28. Раскажете ни за инцидент на работа во кој сте биле потполно искрени и покрај потенцијалниот ризик по вас?

29. Која е вашата омилена книга за раководството/менаџментот и зошто?

30. За две години, кое ваши достигнување ќе ги славиме?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП