19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse забележа загуба од 2,35 милијарди франци поради правни трошоци

Credit Suisse забележа загуба од 2,35 милијарди франци поради правни трошоци

csuisse3

Швајцарскиот кредитор „Credit Suisse“ предвиде загуба за четвртиот квартал од 2,35 милијарди франци (2,34 милијарди долари) за сума платена за решавање на истрагата во САД, поради улогата на банката во бизнисот со хартии од вредност обезбедени со хипотека на станбен имот за време на финансиската криза од 2008-ма година, пишува „Bloomberg“.

Неуспехот е поголем од просечната оценка за загуба од 2,07 милијарди франци на седум аналитичари анкетирани од „Bloomberg“. Банката одвои дополнителни 2,17 милијарди франци како резерви за правни трошоци, вклучувајќи за договорот за 5,3 милијарди долари со американското Министерство за правда, изјави кредиторот со седиште во Цирих.

„Минатата година беше првата целосна година на примена на нашата нова стратегија и тоа беа предизвикувачки и натоварени 12 месеци“, вели главниот извршен директор Тиџане Тиам во соопштението. „Благодарение на силната клиентска франшиза и препуштањето на екипи постигнавме добар напредок во нашите клучни цели“.

По една година, посветена на контракција на единицата за трговија, 54-годишниот Тиам продолжува да ја зголемува заштедата во некои области. Во средината на планираното тригодишно реструктуирање, тој ги намалува целите за профит на тихоокеанската поделба на банката и на меѓународниот оддел за управување на благосостојбата – две единици, кои ги создаде, за да се овозможи пренасочување кон управување со приватните средства во земјите во развој.

„Договорот со САД ги промени радикално работите за нас“, рече уште Тиам во интервју за „Bloomberg Television“. „Тоа не остава во комотна позиција од која ќе ги разгледаме капиталните планирања“.

Менаџерот изјави дека намалувањето на трошоците оди според планот и позитивните расположенија на пазарите кон банките, кои ја засилија трговијата во четвртиот квартал, продолжуваат и оваа година. Иако банката се уште работи на ИПО-то на швајцарската поделба во втората половина на оваа година, за да го зголемија капиталот, таа размислува и други опции и има уште време да донесе одлука.

„Ова е многу добра можност, достапна е и работиме на неа“, вели тој во интервјуто. „Но, се разбира, како што би очекувале, за тоа ни плаќаат, постојано да разгледуваме и други опции“.

Компанијата очекува оваа година да биде подобра за трговијата со акции и фиксниот принос, рече Тиам во интервјуто.

Акциите на банката поскапеле со 1% во оваа година и забележуваат зголемување од 2,6% во индексот на „Bloomberg Europe 500 Banks and Financial Services Index“. „Credit Suisse“ нуди непроменета дивиденда од 70 центи на акција со опции за добивање на акции наместо него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП