25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГоривото и храната ја зголемија инфлацијта во Британија на највисоко ниво од...

Горивото и храната ја зголемија инфлацијта во Британија на највисоко ниво од 2014

135900114258a2ea67c8e44499551883_w640

Британската меѓугодишна инфлација се искачи на највисокото ниво во две ипол години во јануари, поттикната од растот на цените на горивата и храната.

Стапката на инфлација, мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари на годишно ниво достигна 1,8 проценти во споредба со 1,6 проценти од декември, соопшти националната Канцеларија за статистика ONS, пренесува британскиот јавен сервис BBC.

Аналитичарите во анкетата на Блумберг предвидуваа скок од 1,9 проценти.

Сепак, јануарскиот показател на инфлација е најголем од јуни 2014 година.

„Главен придонес за порастот на стапката на инфлација дадоа цените на моторните горива, а во помала мера цените на храната, наведе „ONS“, додавајќи дека тие инфлаторни притисоци, сепак, ги неутрализирале цените на облеката и обувките, кои во јануари опаднаа повеќе отколку во истиот месец една година претходно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП