19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната проценка на Apple мина 700 милијарди долари

Пазарната проценка на Apple мина 700 милијарди долари

akciiphone33

Акциите на „Apple“ достигнаа рекордна вредност, предводени од оптимизмот на инвеститорите за циклусот при продажбата на следниот „iPhone“ и надежите дека „кешот“ од 230 милијарди долари во странство може наскоро да биде вратен во САД и користена пошироко.

На компанијата и беа потребни две години да го надмине својот досегашен рекорд на цената при затворањето од 133 долари за акција од февруари 2015-та година, и покрај краткиот пробив над тоа ниво (до 134,54 долари за акција) за време на дневната трговија во април таа година. Акциите се затворија на ниво од 133,29 долари во понеделникот, оценувајќи ја компанијата на 700 милијарди долари.

Акциите на „Apple“ ја зголемуваат вредноста со повеќе од 15 отсто од почетокот на 2017-та година и со повеќе од 40 отсто во изминатата една година. Производителот на „iPhone“ го претекна својот ривал „Samsung“, за да стане производителот на смартфони со најголема продажба во четвртиот квартал од 2016-та година, според оценките голем број на компании за истражување на пазарот.

Пазарната вредност на „Apple“ се зголеми за повеќе од 1.000 отсто во изминатата деценија. По четиригодишниот раст на акциите по претставувањето на втората генерација на „iPhone“ во 2008-ма година инвеститорите на „Apple“ доживеаја повеќе турбулентни времиња, под водство на главниот извршен директор Тим Кук од 2012-та година, со оглед на сомнежите за неговата способност да ја одржува серијата од иновации и растот од времето на Стив Џобс.

Сега, откако ја загуби за малку круната на највредните компанија на светот за сметка на конкурентот од Силиконската долина „Alphabet“ пред една година, инвеститорите се насочуваат назад кон „Apple“ како побавно растечки, но со висок поврат облог за продолжување на доминацијата на смартфоните.

akciiphone35

Презентираните квартални резултати на крајот на јануари ги надмина очекувањата на „Wall Street“, поради што некои аналитичари да зголемија прогнозата за растот на цената на акциите на производителот.

Многумина на „Wall Street“ влеваат надежи на „суперциклусот“ на корисниците кои ќе ги обноват своите „iPhone“ уреди, кога следниот модел ќе биде претставен во септември. Зголемувањето на ценовната цел на „Goldman Sachs“ до 150 долари помогнато со лансирањето на акциите до рекордната вредност откако инвестициската банка прогнозира „значително движење нагоре во иновациите“ со следниот „iPhone“.

За смартфонот се очекува да биде радикално отстапување од неговите претходници, отколку последните две надградби, со сосема нов дизајн кој има органски „LED“ екран од крај до крај, како и со безжично полнење и новата можност за „додадена реалност“.

Во овој месец „Apple“ се приклучи на конзорциумот за безжично полнење, што е јасен сигнал за поширока посветеност кон технологијата која Концернот ја користи за прв пат кај својот „Apple Watch“.

Минатиот месец Кук изјави во интервју за британскиот весник „The Independent“ дека ја наоѓа додадената реалност, која им овозможува на дигиталните слики да бидат измешани со реалниот свет или преку камерата на вашиот мобилен телефон, или преку слушалките за „голема идеја како смартфоните“, која може да се користи од сите. „Сметам дека додадената реалност е голема, огромна можност“, рече Кук.

„Додадената реалност може да биде новата апликација-„убиец“ што да даде нов поттик на побарувачката на премиум смартфони и особено на „iPhone““, велат аналитичарите на „Goldman“ во белешка до клиентите.

Откако „Apple“ забележа подобро од очекуваниот профит во минатиот месец, „Morgan Stanley“ исто ја зголеми целната цена до 150 долари, делумно поради силата на бизнисот со услуги на „Apple“, кој би можел да ја укине вкупната профитна маргина во следните години. Речиси во исто време „Citi“ ја крена својата цел до 140 долари поради посилната од очекуваната продажба на „iPhone“ и цените за време на божиќниот квартал.

akciiphone34

„Според наше мислење „Apple“ продолжува да биде една од најпознатите потценети акции во светот“, рече Брајан Вајт од „Drexel Hamilton“ во неодамнешната белешка до клиентите.

Тримесечните белешки на „Apple“ до регулаторите во САД откриваат дека напредните обврски за трансакции со добавувачите се зголемиле за 16 отсто на годишно ниво, што некои аналитичари ќе го прифатат како сигнал за посилен раст на приходите во иднина. „UBS“ изјави дека тоа е највисоко зголемување од септември 2015-та година по четири квартали на падови и е „донекаде изненадувачки“, бидејќи предвидуваат очекувањата за продажбата на хардвер да останат „рамни или да се намалат“ во кварталот до крајот на март.

Друга причина за растот на цената на акциите е дека многу од инвеститорите се надеваат на даночната амнестија што администрацијата на Доналд Трамп може да ја воведе, и да му овозможат на производителот на „iPhone“ да репатрира дел од својата прекугранична „кеш“ залиха од 230 милијарди долари.

Овие средства би можеле да бидат искористени за зголемување на програмата за враќање на капиталот, со која компанијата веќе вети дека ќе врати 250 милијарди долари на акционерите до март 2018-та година. Од оваа сума до денес се исплатени над 200 милијарди долари, соопшти „Apple“ во минатата недела. Во неа се вклучуваат и 15 милијарди долари во форма на дивиденди и откуп на акции во последниот квартал.

„Apple“ има плаќа на акционерите околу 22 отсто од својот слободен готовински тек, покажуваат податоците од неодамнешната белешка на „RBC Capital Markets“. Според аналитичарите бројот може да се зголеми до над 50 отсто, привлекувајќи „мноштво нови инвеститори“.

Концернот од Купертино сепак не е единствената технолошка компанија, која достигнува рекорди во 2017-та година. Всушност целиот пазар се свртел нагоре. Акциите на „Microsoft“, „Alphabet“, „Netflix“ и „Facebook“ исто достигнаа рекордни вредности во текот на дневната трговија во оваа година, потсетува „CNBC“. Индексите „S & P 500“, „Dow Jones industrial average“ и „Nasdaq “ достигнаа нови највисоки вредности во понеделникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП