25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРазголените модели се враќаат на насловната страница на Playboy

Разголените модели се враќаат на насловната страница на Playboy

ap_playboy_hugh_hefner_jc_151013_12x5_1600

Фотографиите на речиси целосно разголените најпривлечни модели ќе се вратат на насловната страница на култното списание со назнака „за возрасни“ – Playboy, објавија во понеделникот основачот на изданието легендарниот Хју Хефнер и неговиот син Купер, наведувајќи дека одлуката да се откажат од еротската содржина од минатата година „беше грешка“.

„Јас сум првиот кој е подготвен да признае дека начинот на кој магазинот ја претставуваше разголената природа, застарел, но претставуваше грешка сосема да се исфрлат снимите на разголените (модели)“, истакнуваат и таткото и синот Хефнер на својот профил на Twitter.

„Голотијата никогаш не иле проблем и ниту тоа е денес. Денес ние го возобновуваме нашиот индивидуален стил и одново истакнуваме дека ние сме тави какви што сме“, додаваат.

Хју Хефнер, кој го основаше Playboy во 1953 година, ја понуди компанијата на пазарот во 2011 година, заедно со инвестицискиот фонд Rizvi Traverse Management, а во тој бизнис нејзината вредност изнесуваше 207 милиони долари.

Месечникот Playboy беше меѓу првите во светот што објавуваше фотографии со голи жени, но во февруари 2016 година магазинот престана да објавува такви фотографии бидејќи, како што порача, тој концепт е застарен и не е повеќе привлечен заради купиштата бесплатна порнографија на интернет.

Тиражот на Playboy падна од 5,6 милиони примероци во 1975 година на околу 800 илјади последните години, но компанијата повеќе заработува на лиценците на својот бренд и логоа за различни производи ширум светот.

„Нашата мисија е исполнета. Успеавме женското тело да го прикажеме како нормална појава така што жените на светот му ги прикажувавме во нивното природно издание. Сепак, времињата се променија, па сега со еден клик може да се стигне до каква и да е бесплатна еротска содржина, која често не е во склад со она што Playboy го промовира, а тоа се убавината и восхитувањето од женското тело. Одлучивме достоинствено да се повлечеме од тој свет“, рече тогаш сопственикот на Playboy, Хју Хефнер.

Магазинот го изгуби социјалниот статус кој некогаш го имаше. Одамна поминаа времињата кога имаше интервјуа со влијателни светски личности како што се мартин Лутер Кинг, Малколм Икс или Џими Картер.

Фотографиите со голи жени се исфрлени од онлајн изданието на Playboy порано, за содржината да не може да се најде на социјалните мрежи, кои забрануваат еротика. Сепак, фотографии на оскудно облечени жени во провокативни пози и понатаму ќе се објавуваат.

Сепак списанието Playboy, чиј заштитен знак до пред извесно време со децении беа разголените ткн „зајачици“ и „меката“ порнографија, во октомври минатаа 2016 година направи еден значаен чекор и првпат објави фотографија на муслиманка со хиџаб со што предизвика и пофалби и критики.

Станува збор за 22-годишната американска новинарка од либиско потекло Нур Тагури, која работи за видео каналот Newsy и за Playboy беше фотографирана со црна кожна јакна, фармерки, патики и хиџаб, исламска шал кој ја прекрива главата, а претставена како активистка „којашто оди само напред“.

Нејзината приказна во Playboy, кој претходно годинава објави дека се откажува од објавувањето на разголените убавици поради огромната конкуренција во тој сегмент која е лесно достапна на интернет, како и во настојувањата да освои поширока публика преку новиот приод на темите и нивното обработување, многумина го пофалија како добар потег на магазинот во неговиот развој.

Меѓутоа, многумина и ја нападнаа младата Тагури затоа што се согласила да даде интервју за списанието. Playboy, кој е синоним за порнографијата, со децении беше на првата линија на кампањата за сексуализирање на жените, претворањето на жената во објект“, напиша лани порталот The Muslim Vibe.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП