19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp станува уште побезбеден

WhatsApp станува уште побезбеден

wpsi

1,2 милијарди корисници на „WhatsApp“ ширум светот наскоро ќе имаат уште побезбедна апликација за допишување.

Покрај „end-to-end“ енкрипцијата, за која се тврди дека не е подложна на манипулација и дека нема „задна врата“, сега „WhatsApp“ ќе воведе два чекори за проверка на автентичноста. Оваа функција би требало да им овозможи на корисниците побезбедно да се пријавуваат на своите уреди.

Меѓутоа, автентичноста од два чекори нема да биде вклучена автоматски. За приклучување на оваа опција е потребно да се овозможи внатре во апликацијата (Settings > Account > Two-step verification > Enable). По овозможувањето можно е да се напише и „e-mail“ кој служи како резервна адреса за испраѓање на безбедносен клуч.

Автентичноста од два чекори на „WhatsApp“ функционира на начин како прв чекор да се користи фактот дека апликацијата е инсталирана на уредот во сопственост на корисникот (што и досега се користеше како проверка на автентичноста). Дополнително, „WhatsApp“ ќе воведе и шестцифрен код со кој корисникот ќе потврди дека е токму тој сопственик на наведениот уред. Апликацијата од време на време ќе бара впишување на тој код кај нормалното користење, како и кој нејзиното реинсталирање на истиот или нов уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП