20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го претстави најмоќниот хечбек - RS 3 (фото+видео)

Audi го претстави најмоќниот хечбек – RS 3 (фото+видео)

audi-rs3-sportback-1

Компанијата „Audi“ ја претстави обновената верзија на хечбекот „RS 3 Sportback“. Премиерата на најмоќната модификација во историјата на моделот ќе се одржи за време на автосаемот во Женева во март.

audi-rs3-sportback-2

Како и седанот „RS 3“, така и „надуениот“ хечбек има систем за погон на четири тркала и со 5-цилиндричен турбомотор „TSI“ со зафатнина од 2,5 литри кој развива 400 КС. Тоа е со цели 33 КС повеќе од досега. Моторот се комбинира со 7-степен автоматски менувач „S-tronic“.

audi-rs3-sportback-3

Со новиот агрегат „RS 3 Sportback“ ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 4,1 секунди, а максималната брзина му е ограничена по електронски пат на 250 km/h. По желба на клиентот ова ограничување може да биде преместено на 280 km/h.

audi-rs3-sportback-11

Моделот добил нова индикациска оптика, решетка на ладилникот и поклопецот, како и покрута суспензија. Во опремата на моделот влегуваат уште 19-инчни бандажи и седишта обвиткани со кожа „Nappa“. За машината се нудат уште предни керамички-карбонски сопирачки, целосно дигитален панел со инструменти, мултимедијален систем со екран на допир и целосен збир електронски асистенти.

audi-rs3-sportback-12

Продажбата на автомобилот ќе стартува во август, но дилерите на „Audi“ веќе примаат нарачки. Цените во Германија почнуваат од 54.600 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП