28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е Трамп за светската економија?

Што е Трамп за светската економија?

1733385279589df59f3a2d1517050043_w640

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ оцени дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претставува опасност за светската економија.

„Агресивниот тон“ на Трамп и неговата подготвеност да внесува „неочекувани промени“ во американската политика можат да го загрозат економскиот раст во светот и да ги поскапат кредитите за владата, наведува „Fitch“.

Судејќи според првите три недели, администрацијата на Трамп би можела да ја попречи надворешната трговија, да го намали протокот на капитал, да ги ограничи миграциите и да испровоцира судири кои можат да ги дестабилизираат финансиските пазари, се наведува во соопштението.

„Fitch“ наведе дека мерките кои ги ветила администрацијата на Трамп, како намалување на даноците, намалување на прописите и поголема инфраструктурна потрошувачка, можат да поттикнат економски раст во САД, но и дека Трамп може да ги загрози економиите на други земји со настојувањата повторно да се преговара за трговските договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП