25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБез караван верзија на Alfa Romeo Giulia

Без караван верзија на Alfa Romeo Giulia

guliata3535

Новиот модел на „Alfa Romeo“ – „Giulia“ ќе има верзија купе, но не и караван опција. Тоа го потврди шефот на производство на италијанската марка Алфредо Алтавила за списанието „Car“.

„Сметавме дека нема потреба од верзијата „Giulia Sportwagon“. Причината е дека кој сака караван може да се насочи кон „SUV“ моделот „Stelvio“, кој ќе му понуди многу повеќе од еден караван. „Stelvio“ ќе е интересен дури за луѓе кои инаку не се заинтересирани за „SUV“ модели“, објасни Алтавила.

Сето тоа е дел од офанзивата за заживување на „Alfa Romeo“, која беше лансирана во текот на летото на 2015-та година од големиот шеф на „FCA“, Серџо Маркионе. Планот предвидува 5 милијарди евра инвестиции и промоцијата на осум нови модели до 2018-та година.

Првичните планови беа производството на брендот да се зголеми четири пати и да стигне 400.000 примероци годишно. Но во јануари 2016-та година производствените планови и оние за промоцијата на нови модели беа ревидирани, а рокот беше продолжен до 2020-та година. Причина за тоа стана забавениот раст на пазарот во Кина, кој е најголем за „Alfa“ со 80.000 автомобили годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП