24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја пренасочи помошта за Кипар за поттикнување на економскиот раст

ЕУ ја пренасочи помошта за Кипар за поттикнување на економскиот раст

kipar1

Европската комисија денеска соопшти дека средствата наменети за Кипар, во висина од 21 милион евра, ќе ги пренасочи на проекти кои треба да го поттикнат растот во медитеранската земја.

– Со оваа одлука средствата ќе бидат пренасочени на области кои веројатно ќе имаат поголемо влијание на растот и отворање на нови работни места во краток рок. Со тоа ќе им се пружи поддршка на малите и средни фирми и ќе се помогне во вработувањето на младите. Додека, 10 милиони евра ќе бидат пренасочени на проекти за заживување на урбаните и руралните области, се наведува во соопштението на ЕК.

Одлуката за пренасочување на средствата е последица од влошувањето на кипарската економија во последните неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП