16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБебињата на познатите чии фотографии заработија најмногу пари

Бебињата на познатите чии фотографии заработија најмногу пари

an2

Изминатите две години беа познати како „бебе бум“ години меѓу познатите личности.

Еден од најдобрите „бизниси“ е продажбата на ексклузивните права за објавување на првите слики од свадбите, а потоа и првите слики од новороденчињата на познатите личности. Овие фотографии, познатите личности, нормално, „дебело“ ги наплаќаат.

Ви ја носиме листата на бебиња чии фотографии, по најскапи цени, беа откупени од најразлични магазини.

Близнаците на Бред Пит и Анџелина Џоли

Најскапите продадени фотографии се оние на близнаците на Пит и Џоли, Вивиен и Ноа. Магазините „People“ и „Hello“ платиле вкупно 14 милиони долари за оваа ексклузива, додека пак „People“ ги откупи фотографиите на Шила, првото дете на овој пар, по цена од 4,1 милиони долари.

Џенифер Лопез и Марк Ентони

Сликите од близнаците Макс и Еме на познатиот (сега веќе разведен) пар, беа продадени на магазините за 6 милиони долари.

Метју Меконеј и Камила Алвеш

Магазинот „OK!“плати 3 милиони долари за првата слика од бебето на познатиот глумец и манекенката.

Кристина Агилера и Џордан Бретмен

Сликите на Макс, синот на Агилера и Бретмен беа продадени за 1,5 милиони долари на магазинот „People“.

Џесика Алба и Кеш Ворен

По идентична цена се продадени и правата за објавување на сликите на синот на Алба и Ворен, Мери Ворен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП