29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПознатите за успехот кажале...

Познатите за успехот кажале…

ivo-andric

Успехот е нешто за што сите мечтаеме, а како на него гледале најуспешните луѓе во светот? Погледнете некои цитати од познати научници, политичари, писатели, спортисти, актери, сликари….

– Ако веќе однапред се сомневате во вашиот успех, неуспехот полесно ќе го поднесете бидејќи мудро сте го предвиделе – Зоран Ѓинѓиќ, политичар.

– Успех е она што на човекот му го крши вратот – Иво Андриќ, писател и добитник на Нобелова награда.

– Почетната точка на сите достигнувања е желбата – Наполеон Хил, основоположник на пишувањето за психологијата на успехот.

– Бидете она што сте, истакнете се, имајте верба во себе. Не одете наоколу барајќи успешна личност која ќе ја копирате – Брус Ли, мајстој за боречки вештини, филозоф и глумец.

– Успехот значи да се движите од неуспех до неуспех, но да не го загубите ентузијазмот – Винстон Черчил, британски политичар и премиер.

– Успехот прави многумина да ве мразат. Би сакале да не е така. Би било прекрасно да уживате во успехот не гледајќи ја зависта во очите на другите луѓе околу вас – Мерлин Монро, холивудска актерка.

– Колку ќе отстокнеш кога ќе го допреш дното, толку си успешен – Џорџ Парон, американски генерал.

– Акцијата е темел и клуч за секој успех – Пабло Пикасо, сликар.

– Успехот е лош учител. Ги наведува паметните луѓе да помислат дека не можат да изгубат – Бил Гејтс, претседател на Мајкрософт.

– Доживував неуспеси и тие се повторуваа, повторуваат и повторуваа, тие се причината затоа што успеав – Мајкл Џордан, кошаркар.

– Ако А означува успех, тогаш формулата гласи А= X+Z+Y, при што Х означува работа, Y игра, а Z да ја држите устата затворена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП