29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапочнете да штедите! Новиот iPhone ќе биде досега најскапиот!

Започнете да штедите! Новиот iPhone ќе биде досега најскапиот!

ajfone30353

Кога оваа година американскиот технолошки концерн „Apple“ ќе го претстави својот нов „iPhone“, на етикетата за прв пат може да има сума со четири бројки во долари. Во актуелен материјал на „Fast Company“ се тврди дека цената на „iPhone 8“ може да е над границата од 1.000 долари, особено со оглед на фактот дека актуелната цена на „iPhone 7 Plus“ со 256 GB е 969 долари во САД.

Како причина за зголемувањето се наведуваат трошоците за „OLED“ екранот. Покрај тоа, се очекува новиот модел да понуди поголем капацитет на меморија.

Аналитичарите со кои разговараа од „Fast Company“ не се обединети за тоа какво име ќе носи „OLED iPhone“ уредот со екран од 5,8 инчи. Додека „iPhone 8“ се смета за многу веројатен назив, голем број на извори го споменуваат и „iPhone X“ како опција.

Новиот „iPhone“ е опишуван како црн монолит со елегантен дизајн. Рамката околу телефонот најверојатно ќе биде направена од нерѓосувачки челик, а предниот и задниот дел од стакло.

„Apple“ работи, како што порано беше соопштено, над интеграција на „хоум“ копчето. Постои веројатност и механичките копчиња од двете страни да исчезнат и да се заменат со рамни, интегрирани во рамките и чувствителни на допир.

На задниот дел може да е истиот систем за двојна камера, каква ќе има и во идниот „iPhone 7s Plus“ со 5,5 инчен дисплеј кој треба да го замени „iPhone 7 Plus“. За предната камера „Apple“ работи во соработка со „Lumentum“ за „3D“ препознавање. Како точно ќе работи оваа функција засега не е јасно. Можно е препознавање на лицето или подобрување на резолуцијата. Се зборува и за можна употреба на апликации за додадена реалност.

Батеријата на „iPhone 8“ исто така ќе се зголеми, но точните податоци не се познати. Слично на „iPhone 7“, „LTE“ чиповите ќе бидат обезбедени од „Qualcomm“ и „Intel“. Оваа одлука „Apple“ ја има преземено во јануари, појаснува весникот.

Последните гласини за ран почеток на производството на „iPhone 8“, не е возможен. Според медиумот нема потврда за тоа кај снавдувачите на концернот. Обично производството на нови „iPhone“ уреди започнува во мај и се засилува до август. Презентацијата на новите модели е наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП