18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот теренец на Maybach е G-класа со мек покрив (фото+видео)

Првиот теренец на Maybach е G-класа со мек покрив (фото+видео)

gklasa may 00

„Mercedes-Benz“ планира да ја испрати во пензија сегашната генерација на „G-Class“ уште оваа година. Пред тоа да се случи, сепак, Германците ја претставија новата верзија на моделот, кој ќе се продава под брендот „Maybach“.

Всушност ваквиот потег се очекуваше во овој период. Изненадувачки, сепак наместо стандарден теренец, компанијата ја најави претстојната премиера на кабриолет. Од „Mercedes“ пуштија возило кој ќе го носи името „Mercedes-AMG G 65 4 × 4² Landaulet“ и чија премиера ќе се одржи за време на автосаемот во Женева во март.

gklasa may 01

Изненадувањето донекаде беше расипано од изданието „AutoMail“, чиј тим патува до Јужна Африка, за да го сними веќе готовиот автомобил. Како што се гледа од името „ландоле“ (скратено – ландо), тој е со отстранлив мек покрив, кој го открива само вториот ред седишта. Во принцип сличен тип автомобили чинат многу пари – пример за тоа е седанот „Maybach 62 S Landaulet“. Тој се прави рачно и беше оценет на 303.000 британски фунти.

gklasa may 02

Во основата на верзијата „ландо“ е „Mercedes-Benz G 500 4 × 4²“, кој ќе биде опремен со 6,0-литарски V12 мотор, кој развива 630 КС и 1000 Нм вртежен момент. Моторот работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач, а се очекува забрзувањето од 0 до 100 км/ч да биде во рамките на 5,5 секунди.

gklasa may 03

Верзијата „G 500 4 × 4²“, се разликува од стандардниот теренец на редукторот на мостовите, модернизираната суспензија, проширените калници и зголеменото растојание од тлото. Инженерите на „Mercedes“ го зголемија и растојанието помеѓу двете оски до 3428 мм, благодарение на што вториот ред седишта е со 60 см поголем.

gklasa may 04

Познато е веќе дека „Mercedes-Maybach G 650 Landaulet“ ќе излезе во серија од 99 примероци, а цената на секој ќе надминува 300.000 евра. Сите теренци ќе бидат со највисоко ниво на опрема, а клиентот ќе може само да ја избира бојата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП